Митревски и Порто не можеа до сензација против моќната Барселона

Барселона е освојувач на првиот историски пехар во новоформираното натпреварување Пиринејски Супер-куп во ракомет, откако каталонците во големото финале го совлада Порто на нашиот Никола Митревски со 32-24. Иако без неколку повредени првотимци (Алеиш Гомес, Арињо, Нгесан и Лангаро), каталонскиот гигант одигра доминантно, не дозволувајќи победата да биде доведена во прашање.

Мечот беше израмнет само до 6-6, по што Барселона успеа да се одлепи и да поведе со 14-10 на крајот од првото полувреме. Порто немаше сили за враќање, па каталонците во вториот дел уште повеќе ја зголемија својата предност, на крајот славејќи со конечни „плус псум“.

Дика Мем беше незадржлив со осум гола кај Барса, четири постигна Ричардсон, додека кај Порто прво стрелец беше Педро Валдес со шест погодоци зад своето име.

Се вчитува...