Митревски и Порто остануваат максимални во шампионатот на Португалија

Репрезентативниот голман Никола Митревски и неговиот Порто продолжуваат со одличните игри сезонава во ракометниот шампионат на Португалија. Овој пат настрада Виторија која беше декласирана со 22-29.

Уште од самиот старт актуелниот португалски шампион го покажа целиот свој квалитет и веќе на полувреме имаше предност од 7-15. До крајот ракометарите на Порто рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 22-29.

Порто со овој триумф повторно се врати на делба на првата позиција на табелата заедно со Спортинг Лисабон со скор од четири победи во исто толку натпревари.

 

 

 

 

Се вчитува...