Митревски и Порто остануваат перфектни во португалскиот шампионат

Никола Митревски и неговиот Порто стигнаа до нов убедлив триумф во португалскиот шампионат, откако во 24. коло славеа над Белененсеш со убедливи 42-27. Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме кое домаќините го добија со 25-15.

Порто сезонава во португалскиот шампионат остануваат перфектни со 24 победи од исто толку натпревари и се на добар пат да ја одбранат титулата.

 

 

Се вчитува...