Митревски и Порто поразени од Кјелце, Пик Сегед во финишот до реми на гостувањето кај Кил

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски и неговиот Порто загубија на гостувањето кај Кјелце со 39-33 во натпревар од 5. коло во Лигата на шампионите.

Клучен во мечот беше првиот дел кој домаќините го добија со 21-17 и до крајот успеаја да го задржат водството за конечен триумф од 39-33. Митревски натпреварот го заврши со само две интервенции.

Во еден луд натпревар Пик Сегед успеа да обезбеди реми против Кил (32-32). Германците во текот на целиот меч беа во предност, а во финишот влегоа со позитива од два гола (32-30), кој на крајот не успеаја да ја задржат. Во последниот меч од понудата во 18.45 Елверум беше сигурен против ППД Загреб со 30-25.

Се вчитува...