Митревски и Порто поразени од украински Мотор на стартот од Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и португалски Порто загубија на гостувањето од Мотор Запорожје со 30-27 (15-10) во првиот натпревар во Лигата на шампионите.

Украинскиот тим потврди дека планира сериозна улога сезонава во елитното европско клупско натпреварување, сосема заслужено стигнувајќи до триумфот.

Македонскиот голман Никола Митревски имаше одлични интервенции во првото полувреме, но сето тоа залудно кога не функционираше нападот на Порто. Па, Мотор се стекна со сериозна предност на полувремето која потоа во вториот дел само рутински ја одржуваше до крај.

Најефикасен ракометар во украинскиот тим беше Бокан со осум гола, од исто толку обиди, а кај Порто се издвои Виктор Мануел со пет гола. Никола Митревски натпреварот го заврши со осум одбрани.

Се вчитува...