Митревски и Порто повторно на врвот во Португалија

Македонскиот ракометен интернационалец Никола Митревски и неговиот Порто четвртти пат во низа станаа шампиони во поргуалскиот шампионат.

За Македонецот ова е трет трофеј во три години со Порто и повторно и следната сезона ќе ги гледаме во Лигата на шампионите.

Порто во последното коло ја совлада Мадеира со 33-25 и со тоа ја продолжи доминацијата во португалскиот национален шампионат.

Порто има шанса за нов трофеј во Португалија, бидејќи следниот викенд ќе се игра завршницата на купот.

Се вчитува...