Митревски и Порто преку Бенфика до финале на Суперкупот на Португалија со Спортинг Л.

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски и неговиот Порто се пласираа во финалето на Суперкупот на Португалија, откако во полуфиналето славеа над големиот ривал Бенфика со 29-24.

Во првото полувреме Митревски и соиграчите имаа проблеми и на пауза заминаа со негатива од еден гол 11-12. Сепак, одлично го одиграа вториот дел и на крајот стигнаа и до рутинска победа од 29-24.

Во финалето на Суперкупот, Порто ќе се сретне со Спортинг Лисабон кој во првото полуфинале беше подобар од Агуас Сантас со 35-30.

Се вчитува...