Митревски и Порто ремизираа со Кјелце

Во крајно неизвесна завршница екипата на Порто во чии редови настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски на домашен терен ремизираше со Кјелце 32-32 (19-17).

Митревски, кој го стартуваше мечот за Португалците, имаше нов квалитетен натпревар, но херој на домашните е Алфредо Кинтана, кој имаше две одбрани во серија во самиот финиш од кои еден седмерец, со што обезбеди бод за својот тим.

Кај домашните најдобар беше Мартинс со седум гола, а најефикасен пак во редовите на Кјелце беше поранешниот вардарец, Карачиќ кој заврши со пет погодоци. Португалскиот тим се наоѓа на третото место на табелата со шест бода, три зад лидерот Кјелце.

Се вчитува...