Митревски и Порто заминуваат на пауза како единствен тим без победа во ЛШ

Македонскиот голман Никола Митревски и неговиот Порто ќе биде единствениот тим во ракометната Лига на шампиони кој паузата поради Светското првенство во Полска и Шведска ќе ја дочека без ниту една победа сезонава во елитното натпреварување. Португалскиот шампион во натпревар од 10. коло од А групата загуби на гостувањето кај данскиот ГОГ Гудме со …

Македонскиот голман немаше свој ден на голот на Порто каде забележа само три одбрани, додека во неговиот тим Фернандеш со шест гола беше најефикасен. Кај победникот прво име беше Мортен Олсен со десет гола.

Во двата денешни натпревари од терминот во 18.45 часот германскиот шампион Магдебург стигна до голема победа на гостувањето кај Пари Сен Жермен од 33-37, додека Пик Сегед без проблеми славеше на гостувањето кај норвешскиот Елверум со 32-34.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...