Митревски: Нe потценуваме никого, внимателно и со Јапонија

Македонските ракометери пристигнаа во Минхен каде в петок ќе го почнат настапот во групата Б од СП 2019 во Данска и во Германија. Голманот Никола Митревски, кој е еден од најискусните во нашиот табор, е свесен дека никако не смее да дојде до потценување на било кој противник на Мундијалот. Во првите две средби Македонија ќе се сретне со Јапонија и Бахреин, мечеви на кои „црвено-жолтите“ на хартија важат за фаворити, но Митревски е дециден дека тој епитет ќе мора да биде оправдан и на теренот.

„Едно треба да ни биде јасно, мораме да одиме чекор по чекор и да не размислуваме премногу однапред за предизвиците што ќе следат подоцна. Нема да потцениме никого, одиме внимателно и со Јапонија, знаеме дека тоа е опасна репрезентација што игра брз ракомет и дека ќе мора многу да внимаваме за да не бидеме непријатно изненадени. Многу пати се покажало кога сме прескокнувале противници, тој противник што сме го прескокнале да биде „нагазна мина“. Мислам дека добро ги одработевме подготовките, одигравме два добри натпревари со Србија и подготвени сме за она што не очекува во Србија“ – истакнува Митревски.

Натпреварот меѓу Македонија и Јапонија на програмата е в петок со почеток во 15.30 часот.

Се вчитува...