Митревски: Одбраната е виновна за поразот….

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Никола Митревски имаше извонреден ден на првиот натпревар од ЕП 2020 против Украинците, но доби шанса само во второто полувреме на денешниот дуел против Чесите кој на голот го почна Борко Ристовски. Без позабележителен ефект во моментите кога тотално попушти македонската одбрана пред налетите на чешките бекови…

„Одигравме тактички навистина одлично прво полувреме низ кое тотално ги неутрализиравме чешките напади кои беа во загубена позиција. Но, искрено не знам што се случи во второто полувреме во кое комплетно потфрливме во одбраната. Тоа беше клучното… Поради лошата одбрана го загубивме натпреварот. Но, тоа е што е… Сега треба да се концентрираме на последниот дуел. Го одбравме потешкиот пат но со победа против Австрија посакуваме пласман во следната рунда“ – истакна Никола Митревски.

 

Се вчитува...