Првичната цел за обезбедување на пласман на ЕП 2022 е веќе остварена, но сите македонски ракометари делуваат максимално мотивирано во шестиот меч да стигнат и до петтата победа.
Ривал в недела е селекцијата на Швајцарија која мора да победи за да стигне до билет како една од најдобрите третопласирани репрезентации, но македонските репрезентативци не планираат да им ја подарат победата на Швајцарците.
„Ова е огромен успех, единаесетто по ред големо натпреварување за македонската репрезентација. Овој последен меч можеби нема резултатско значење за нас, но можам да кажам дека не постои ништо послатко од победа во репрезентативниот дрес. Сите сме мотивирани, од прв до последен, да победиме за крај на овие квалификации, да го крунисаме циклусот со нов триумф“, истакнува Никола Митревски, кој е одличен на голот на „црвено-жолтите“ во овој квалификациски циклус.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се игра в недела со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА