Митревски: Паузата беше долга, затоа е важно да победиме

Македонските ракометари се свесни дека не смее да дојде до потценување на денешниот дуел со Финска, на стартот од квалификациите за ЕП 2022. Фаворитската улога мора да биде оправдана на теренот во СЦ „Борис Трајковски“, а дополнителен проблем е фактот дека нашите ракометари немаат одиграно натпревар заедно уште од неславениот настап на ЕП 2020, каде Македонија беше елиминирана уште во прват фаза.

„Паузата беше долга, ова за нас е прв меч по ЕП и нема да биде нималку лесно. Затоа, од големо значење е да стартуваме со победа, со што би си ја зголемиле самодовербата пред следните натпревари. Нема да има опуштање, ние ќе се обидеме да одиграме максимално и да извојуваме победа“, изјави голманот Никола Митревски во пресрет на дуелот со Финците.

Митревски брани во извонредна форма на голот на Порто од стартот на сезоната во Лигата на Шампионите, по што ќе биде прв избор и на селекторот Брестовац на вечерашниот натпревар.

Се вчитува...