Митревски: Покажавме дека имаме квалитет, но се уште ни недостига искуство

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2025 откако вечерва загуби на домашен терен од Словенија со 26-32. Конечниот исход е разочарувачки ако се земат во предвид супериорните први дваесетина минути во кои нашата репрезентација имаше шест гола предност,  но не успеа да го издржи темпото, а одличниот словенечки состав предводен од Влах и Јанц направи целосен пресврт, на крајот стигнувајќи и до убедлива победа.

По мечот свое мислење даде и најискусниот во репрезентацијата Никола Митревски…

„Можеби немаме доволно квалитет и ротација да одиграме против силни репрезентации како Словенија. Не сакам да барам алиби, но и неколку судиски одлуки беа крајно дискутабилни. Покажавме повторно дека имаме квалитет во овој млад тим и мораме да ги поправиме грешките кои ги направивме. Ни истрчаа неколку контри и полуконтри кои беа клучни да не добијат. Сите играат во врвни клубови и играа полуфинале на ЛОИ во Париз“, изјави Митревски. 

Се вчитува...