Митревски: Правото на „кикс“ го искористивме во Грција, во Турција одиме по победа

Голманот Никола Митревски беше меѓу најискусните кои се појавија на првиот собир на националниот тим во пресрет на последните две средби од квалификациите за ЕВРО 2020. Математиката е јасна, неопходни се две победи на гостувањето во Турција и на домашен терен со Грција, за да се остане на чело на групата и да се добијат нешто полесни противници во групната фаза од европскиот шампионат.

„Подготвени сме успешно да ги завршиме овој квалификациски циклус, а заедничка желба ни е да останеме на првото место. Во спортот се можни изненадувања, но ние нашето право на „кикс“ го искористивме во Грција, тој меч ни е поука и верувам дека ќе успееме да стигнеме до две победи. Имаме доволно искуство и квалитет, ако одиграме како што знаеме резултатот нема да изостане. Турците исто така ќе бидат мотивирани, бидејќи со победа влегуваат во игра како една од најдобрите третопласирани селекции да стигнат до ЕП. Сите имаат своите сметки во пресрет на овие последни две кола, но ние остануваме максимално фокусирани без оглед на фактот дека пласманот на европскиот шампионат ни е веќе обезбеден“ – истакна Митревски.

Се вчитува...