Голманот Никола Митревски ќе биде еден од главните адути на Македонија и на претстојните бараж дуели, на кои нашата национална селекција ќе се обиде да го осигура континуитетот од настапи на големите натпреварувања.
Прва пречка за „црвено-жолтите“ ќе биде Романија, селеција што во ниту еден случај не смее да биде потценета, особено ако се знае дека на својата клупа го има долгогодишниот тренер на Барселона, Чави Пасквал.
„Во првиот бараж играме против една од двете најдобри селекции што можевме да ги добиеме како ривал од тој втор шешир. Ќе бидат тешки натпревари за нас, бидејќи Романците имаат искусна и квалитетна селекција со селектор кој како тренер освојувал многу трофеи. Сеоак, во баражот против Македонија пред неколку години беше поразен. Доколку ги минеме Романците, во вториот бараж не очекува не многу звучно име, но многу квалитетна репрезентација. Сме имале многу соочувања со нив, но ќе биде еден сосема нов и посебен дуел. Македонија не е фаворит, но не е ниту аутсајдер“, изјави Никола Митревски по денешната ждрепка во Будимпешта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА