Митревски: Само храбро, немаме што да загубиме до крајот на ова СП

Првиот голман на македонската репрезентација, Никола Митревски, е задоволен што националниот тим ја оствари зацртаната цел и се пласираше во главната фаза од СП 2021. Според него, со тоа се намалува притисокот, па искусниот чувар на мрежата на Порто ги повика помладите репрезентативци да прикажат храбра игра на преостанатите три натпревари од овој шампионат.

Според него, Словенија покажала слабости во играта на досегашните средби, но и порачува дека не смееме да се залетуваме во ситуција кога веќе претрпевме два убедливи порази во Египет.

„Она што ни беше првична цел успеавме да го оствариме со самиот пласман во главната фаза. Пред нас сега е три тешки натпревари со квалитетни репрезентации за ривали, верувам дека ќе одиграме подобро отколку досега. Најважно од се е да бидеме храбри, бидејќи немаме што да загубиме до крајот на ова светско првенство. Знаеме кои се нашите квалитети, не се залетуваме, но нема ни предвреме да се предадеме. Видовме дека Словенија загуби од Русија, оваа селекција сигурно има проблеми во играта, но тоа дополнително ќе го анализираме во текот на денешниот ден“, изјави Митревски.

Се вчитува...