Митревски: Савехоф е фаворит само поради тоа што ние имаме проблеми со повреди

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Работник во недела го пречекува Савехоф во меч од 8. коло од Ц групата во Лигата на шампионите. Голманот на „фармацевтите“ Никола Митревски вели дека гостите се фаворити, но не бидејќи имаат поквалитетен тим, туку дека тие имаат многу проблеми со повреди.

„Сметам дека Савехоф доаѓа со блага фаворитска улога. Причината не е што се поквалителни, туку тоа што ние сме преполни со повредени ракометари и тоа веќе подолг период. Имаме многу рековалесценти, незаздравени ракометари, како на натпреварите, така и на тренинзите. Се забележува дефицитот во одбраната, немаме ротација и на тоа се должат убедливите 2-3 порази минатиот месец. Нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка, да дадеме свој максимум и конечно пак да ја израдуваме битолската публика“, изјави Митревски. 

Натпреварот Еурофарм Работник – Савехоф се игра в недела од 17:00 часот.

Се вчитува...