Митревски: Во едно сме најдобри, никој во светот нема навивачи како Македонија

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Десетина минути по завршувањето на натпреварот македонските ракометари останаа на теренот, отпоздравувајќи ги верните навивачи кои им дадоа безрезервна поддршка во текот на овој европски шампионат.

Поддршката не беше наградена со радост и победа, но ракометарите не ја кријат благодарноста за поддршката што ја добија во изминатите денови.

„Пред се, голема благодарност до публиката што повторно дојде во голем број за да не бодри. Три натпревари без престан ни даваа поддршка, но ова вечерва беше навистина фантастично. Во едно сме најдобри, никој во светот нема навивачи како Македонија“, изјави Митревски.

Се вчитува...