Митревски втора недела по ред ја има најдобрата одбрана во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Никола Митревски повторно имаше одличен настап во Лигата на шампионите. Тој во ремито на Порто против македонскиот Вардар заележа 11 интервенции, а една од нив беше избрана за најдобра на колото во елитното натпреварување. ЕХФ за најдобра интервенција на колото ја избран двојната одбрана на Митревски на крајот на првото полувреме по шутевите на Јотиќ и Стојанче Стоилов.

Ова за македонскиот интернационалец е втора недела по ред како ја добива најдобрата одбрана во елитното натпреварување, откако минатата недела ја имаше можеби и интервенцијата на сезоната во победата на Порто над Пик Сегед.

Одбраната на Никола Митревски можете да ја видите на следниот линк.

Се вчитува...