Митровиќ, фудбалер на годината во Србија

Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, е избран за најдобар фудбалер во Србија за 2018 година. Тој со Фулам избори пласман во Премиер – лигата и имаше одлични настапи за националниот тим на Светското првенство во Русија, но и во Лигата на нации. Фудбалскиот сојуз на Србија и официјално ќе му ја додели наградата на 17 декември на свечена церемонија.

За најдобар тренер е избран Владан Милојевиќ, стратегот на Црвена Звезда, кој со тимот ја освои шампионската титула, а потоа оствари и историски пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...