Митровиќ: Игравме како муви без глави…

Србија имаше добитна позиција за пласман во осминафинале, водеше со 1-0 по само пет минути игра, но дозволи Швајцарија да направи целосен пресврт и да го добие мечот кој предизвика многу внимание и поради дел од швајцарските фудбалери кои имаат албанско потекло. Токму Џака и Шаќири го направија пресвртот, откако Митровиќ на стартот стрелаше за Србите.

Токму Митровиќ го искажа незадоволството од поразот и играта на својот тим, особено во вториот дел од мечот.

„Примивме голови како да сме мали деца, глупаво, евтино… Разочаран сум, сите сме…Наместо да го чуваме резултатот, ние, не знам што си помисливме… Не можете да играте како муви без глави, навистина многу глупаво“, – истакна српскиот напаѓач.

Сега Србија ќе мора да оди на победа против Бразил во последното коло, доколку сака да се надева на пласман во осминафиналето од Мундијалот во Русија.

Се вчитува...