Митровски и Ристовски по еден параметер се меѓу најдобрите во ХНЛ

Димитар Митровски од Вараждин и Стефан Ристовски од Динамо Загреб, се меѓу најдобрите играчи во хрватската Прва лига по процент на центаршутеви.

Митровски ја дели првата позиција со Батурина од Динамо Загреб со успешни над 35% центаршутеви во целата сезона, додека Ристовски се најде веднаш зад него со 37% успешни центаршутеви.

Хрватското првенство заврши кога станува збор за поделбата на трофеите, во кое Стефан Ристовски ја освои двојната круна со Динамо Загреб, каде настапува и Аријан Адеми. Двајцата се простија од играње за Македонија, додека Митровски се најде на списокот на селекторот Милевски за престојните пријателски натпревари против Хрватска и против Чешка.

Се вчитува...