Митровски се приклучи на првиот тим на Спортинг Лисабон

Македонскиот младински репрезентативец Димитар Митровски се приклучи на првиот тим на португалскиот Спортинг Лисабон.

Митровски, кој е член на У23 тимот на Спортинг, е повикан од шефот на стручниот штаб Силас оваа работна недела да се приклучи на тренинзите на првиот тим.

20-годишниот Митровски е стандарден член на младинскиот состав на португалскиот клуб, стандарден репрезентативец и на младата репрезентација на Македонија, сега, согласно последните навестувања, на добар пат веќе да биде дел од најсилниот состав на Спортинг Лисабон приклучувајќи му се на Стефан Ристовски.

Се вчитува...