Македонскиот фудбалски репрезентативец Димитар Митровски беше стрелец за својот Вараждин во ремито на домашен терен против Истра во премиерниот натпревар од 26. коло во Хрватскиот фудбалски шампионат.
Митровски го отвори резултатот со погодокот во 16. минута кога донесе водство за својот тим од 1-0. На 2-0 зголеми Дарбо во 30. минута. Гостите до крајот на првиот дел успеаја да намалат на 2-1 преку Валинчиќ во 43. минута. Конечните 2-2 ги постави Вук од пенал во 83. минута.
Димитар Митровски беше заменет во 63. минута.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА