Мицевски: Мило ми е за головите, но најважното за Вардар допрва следи

Дарко Мицевски имаше одличен настап на дуелот против Шампион од Целје, постигнајќи два погодоци за едно полувреме од првата контрола на Вардар за време на подготовките во Словенија. Овој фудбалер не го криеше задоволството од одличниот настап, но исто така е и свесен дека вистинските предизвици за „црвено-црните“ допрва претстојат.

Добар старт на подготвителните натпревари, иако со релативно доста послаб противник. Сепак, секогаш е убаво кога се победува, и секако дека сум среќен што на првиот меч во новиот клуб бев стрелец на два погодока. Меѓутоа за нас најважно е овој период кој следи што подобро да се воиграме, и што повеќе да ги исполнуваме тактичките задачи од стручниот штаб. Ни престојат уште неколку тестови со далеку поквалитетни противници. Се надевам дека ќе дојдеме до посакуваната форма најпрво за европските натпревари, а потоа и за домашните натпреварување, што е целта на овој подготвителен период“ – изјави Мицевски за официјалната веб-страница на „вардарци“.

Следниот контролен натпревар македонскиот вицешампион ќе го игра в среда против екипата на Домжале.

Се вчитува...