Мициќ: Коронавирусот е доказ дека среќата не е во парите

Српскиот репрезентативец Василије Мициќ игра во одлична форма во дресот на Анадолу Ефес, летово требаше да се пресели во НБА-лигата, но ширењето на коронавирусот би можело да ги промени неговите планови. Сепак, скромниот плејмејкер смета дека оваа болест не е толку страшна како што се претставува, а на човештвото е да извлече добра поука од ова што се случува.

„Се обидувам да останам смирен, да не го доживувам ова како некоја стресна и панична приказзна. На ситуацијата гледам како на еден вид глобално чистење – на нашите верувања дека среќата не е во парите, моќта или нешто материјално. Сега најдобри се гледа дека сите сме исти, како што и секогаш говорев. Се надевам дека луѓето после оваа криза ќе увидат што е суштински најважно. А дека ми е жал за ситуацијата, нормално дека ми е жал“, истакнува Мициќ во разговор за „Спортски Журнал“.

Турците до минатиот викенд го играа редовното коло од домашното првенство, а Мициќ открива и каква била атмосферата во таборот на Ефес во периодот на ширење на епидемијата.

„Навистина постоеше ризик, но не премногу голем бидејќи до тој момент вирусот се немаше раширено во Турција. Најголем страв ширеа Американците, тоа е народ кој генерално шири паника за работи што не ги разбира. Беа навистина исплашени“, открива српскиот интернационалец.

Се вчитува...