Мизеријата на Милан по две децении го достигна врвот

Уште од далечната 1998 година, Милан нема доживеано срам како овој денеска во поразот од 5-0 од Аталанта. Последен пат, тимот од Милано загуби толку убедливо од Рома пред 21 година. Само четири пати во историјата Милан доживеал пораз со разлика од пет гола. Се наоѓа на 11. место на табелата со само шест победи, осум порази и три нерешени. Пред само 12 години беше европски првак.

„Ова е срамота. Ова не е Милан. Не можеме да го вратиме Милан каков што беше во времето на Берлускони за шест месеци или за една година, но мора да напредуваме. Минатите два месеци беа очајни, уште и поразот денеска… Мора да се разбудиме и да регираме. Ова нема да биде убав Божиќ“ – изјави по натпреварот, спортскиот директор на клубот, Звонимир Бобан.

 

 

Се вчитува...