МКФ ги исплати премиите на кошаркарите

Македонската Кошаркарска Федерација во текот на денешниот ден ги исплати премиите на репрезентативците во успехот во претходниот квалификациски циклус, кога беше освоено првото место и обезбеден пласман во следната рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Челниците на МКФ тогаш донесоа одлука кошаркарите да бидат наградени со премии од вкупно 15.000 евра, пари кои денеска легнаа на сметките на репрезентативците.

Дефинитивно мотив плус пред отворањето на новиот претквалификациски циклус и гостувањето во Приштина против селекцијата на Косово. Македонија на овој меч ќе биде посилна за Ричард Хендрикс, кој денеска допатува во Скопје и од вечерва ќе му биде на располагање на селекторот Давитков.

Се вчитува...