Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија повторно ќе биде дел од едни европски квалификации, откако раководството на МКФ реши да ја пријави оваа селекција за претстојниот кввалификациски циклус, за пласман на ЕП во 2019 година.
Претседателот Наумоски не ја крие желбата Македонија да пријавува националцни во сите возрасни генерации, па во тој правец беше донесена и одлуката по три години пауза сениорскиот состав во женска конкуренција да добие шанса да се натпреварува против соодветните селекции ширум Европа.
Ждребот за групите ќе биде одржан по завршувањето на Европското првенство што оваа година ќе се одржи во Чешка, на 4. јули 2017 година во Минхен, Германија. Сите селекции ќе се натпреваруваат во двокружен систем (дома-гости). Првите евроквалификациски натпревари ќе се одиграат на 10. и на 14. ноември 2017 година, а вторите наредната година (2018 година) на 10. и на 14. февруари додека последните натпревари од квалификациите ќе се одиграат на 17. и на 21. ноември 2018 година.
Последна активност на националниот состав во женска конкуренција се квалификациите за Евробаскет 2015 одржани во 2013 година, кога сениорската репрезентација не успеа да избори пласман на еден континентален собир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА