МКФ го суспендираше „Градски Парк“ за Суперлигата

Актуелниот шампион и освојувач на Купот, Работнички, за натпреварите од Суперлигата ќе мора да пријави нова сала како домашен терен, откако МКФ го информираше клубот дека „Градски парк“ не ги исполнува потребните стандарди за организација на мечевите од вториот степен на натпреварување во кошаркарската елита. Првиот домашен натпревар Работнички го игра в четврток и ќе мора да одбере нов „дом“ каде ќе го пречека составот на Кожув во второто коло.

Проблемот со салата е една од причините поради која Работнички побара итен состанок на Здружението на прволигаши. Средбата на клубовите на која ќе присуствува и претседателот на МКФ, Петар Наумоски, ќе се одржи в среда.

Согласно одлуката од Управниот одбор на Македонската Кошаркарска Федерација одржан на ден 02.10.2018 година (одлука во прилог), како и инспекцијата направена на ден 26 јуни 2018 и потоа со конечна проверка од ден 03 април 2019 година, во спортските сали пријавени за одигрување на натпревари од прва лига мажи, Ве известуваме дека :

Спортските сали:

–        Градски парк во Скопје

–        СРЦ Кале – мала сала во Скопје

НЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ стандардите за одигрување на натпревари од прва лига мажи, супер лига, плеј аут и плеј оф лига.

Клубовите кои ги имаа пријавено наведените сали за одигрување на натпревари, во дадениот рок не ги испочитуваа насоките од МКФ за санација и мерки за создавање потребни услови за одигрување на натпревари, поради што во спортските сали НЕ СЕ ДОЗВОЛУВА ОДИГРУВАЊЕ НА КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАРИ ОД ПРВА ЛИГА МАЖИ, СУПЕР ЛИГА, ПЛЕЈ АУТ И ПЛЕЈ ОФ ЛИГА

Клубовите ќе мора да пријават друга сала која ги испонува  стандардите за одигрување на натпревари од погоре наведените лиги.

Моника Гаврилоска

Генерален секртар на МКФ

Се вчитува...