МКФ објави: Супер-лигата во кошарка ќе стартува на 6 април

Најдобрите шест екипи по комплетирањето на 22 кола од Првата лига ќе ја почнат битката за место во плејофот со првата рунда од Супер-лигата, што ќе стартува на 6 април. МКФ по денешниот состанок објави дека нема да дојде до промена на терминот на стартот на Супер-лигата, а покрај битката на најдобрите екипи, на 6 април ќе стартува и борбата за опстанок во Плејаут лигата.

Последнопласираниот во Плејаут лигата ќе игра бараж натпревари (дома-гости) со второпласираниот од Втората лига мажи.

Место во Супер-лигата веќе обезбедија Работнички, МЗТ Скопје, Блокотехна, Гостивар и Кожув, а во игра за шестата позиција остануваат Кумановво и Фени индустри.

Добра вест за клубовите е што преодниот рок ќе заврши на 5 април, со што тренерите ќе имаат можност во следните денови да доведат уште некое засилување во своите екипи.

Се вчитува...