МКФ одлучи: Работнички останува во „Градски парк“

Екипата на Работнички ќе продолжи да ги игра домашните натпревари во својата сала и во делот од Суперлигата, но со засилени мерки за безбедност, со цел да не се повторат инцидентите од последното вечно дерби против МЗТ Скопје. Ова беше одлучено на денешната седница на МФК, на која една од главните теми беше токму домаќинството на најтрофејниот македонски клуб.

На крајот беше посочено дека забрана среде сезона може да доведе до тужба кон федерацијата, бидејќи на самиот старт на сезоната добиле право за настап на својот терен. Така на крајот беше договорено Работнички да остане во „Градки парк“, но лидерот на табелата мора да се задоволи со ригорозни услови за организација.

Раководсвото на клубот со изјава заверена на нотар ќе гарантира безбедност и ќе преземе целосна одговорност за секој несакан инцидент, а ќе мора да биде склучен и професионален договор со професионалното обезбедување од редарска служба.

Случувањата на денешната седница на одборот беа потврдени од канцеларијата на МКФ, од каде најавија дека нема да даваат официјални изјави до соопштението што ќе биде објавено на веб-страната на МКФ во текот на утрешниот ден.

Се вчитува...