МКФ реши: Камата за должниците, кој не плати до 1 септември – нема да игра кошарка

Почетокот на наредниот месец, поточно 1 септември е крајниот рок во кој сите клубови ќе мора да ги подмират средствата за котизација (615.000 денари) доколку сакаат да се натпреваруваат во Првата лига на Македонија. Ова е одлуката денеска донесена на Комисијата за Итност при МКФ, откако голем дел од прволигашите не го испочитуваа претходно утврдениот рок, за да ја уплатат сумата до 7 август како што претходно беше побарано од страна на куќата на кошарката.

Со цел да се заштитат клубовите кои навремено ја платија утврдената сума, неплаќачите покрај овие 615.000 денари ќе треба да платат и камата од 10% на неплатените средства.

Доколку екипите имаат подмирено половина од парите што требаше да ги уплатат, овие 10% ќе се однесуваат на половината сума што допрва треба да се уплати.

Ставот на Комисијата за Итност е секој клуб што нема да ја има подмирено целата сума, ќе биде суспендиран и нема да може да се натпреварува во претстојната сезона.

Се вчитува...