МКФ со поддршка за барањето на МЗТ Скопје

Македонската кошаркарска федерација ја поздрави иницијативата на МЗТ Скопје за намалување на бројот на странски кошаркари за следната сезона, повикувајќи ги и останатите клубови да застанат зад она што денеска го стартуваше актуелниот првак на Македонија.

Соопштението на МКФ го објавуваме во целост:

Во врска со барањето на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром АД за промена на  член од Регистрацискиот правилник во кој го пропишува бројот на странци во тимовите, Македонската кошаркарска федерација сака да изрази комплетна поддршка за овој предлог и воедно ги охрабрува сите клубови да застанат позади иницијативата на актуелниот шампион.

Член 32.5
(5) Клуб во Прва лига мажи има право на пријавување и настап најмногу 6 (шест) странски играчи во составот на еден натпревар, но на терен во игра, да нема помалку од два домашни играчи.

Тригодишните заложби на актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација за унапредување на квалитетот на младинските категории и заздравување на развојот на нашата иднина ја увиде и еден од водечките клубови во македонската кошаркарска историја и се надеваме дека низ конструктивни и заеднички разговори помеѓу сите инволвирани фактори ќе дојдеме до квалитетно и брзо решение за поставување на квалитетна основа за успешност на идните генерација.

Македонската кошаркарска федерација ќе ја започне постапката согласно актите на федерацијата за промена на бараниот член во Регистрацискиот правилник.

Се вчитува...