МКФ веќе не простува: Нема кошарка во Чаир!

Натпреварот од третото коло во Првата лига во кошарка меѓу Шкупи и Фени индустри што требаше да почне во 13 часот нема да се игра поради незадоволителни услови во салата во скопската населба Чаир.

МКФ веќе дефинитивно почнува да зазема поцврст став на оваа тема по низата премислувања во куќата на кошарката. На последниот состанок на Управниот одбор беа донесени низа мерки, со што на клубовите им беа дадени подолги рокови за средување на посериозните проблеми во салите, но и кратки рокови за „ситните проблеми“ што може да се санираат побрзо.

Во случајот на салата во Чаир, воопшто не биле средени соблекувалните за екипите и за официјалните лица, по што судиите во консултација со делегатот донеле одлука натпреварот денеска да не се игра.

За ова е известено и раководството на Шкупи, кое ќе треба да даде нова сала што ќе ги задоволува стандардите, а каде натпреварот би се одиграл во следните 24 часа, согласно пропозициите.

Се вчитува...