МКК Куманово пред стартот на новата сезона се засили со македонски репрезентативец

Екипата на МКК Куманово на неколку дена пред стартот на новата сезона донесе екстра засилување со кое ги потврди шампионските амбиции.

Клубот денеска го промовираше македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ како најново засилување.

Куманово не е непозната средина за Мекиќ, кошаркарот две години (2017-2019) настапуваше токму во Куманово.

Мекиќ, кариерата ја започна во Вардар, а потоа три сезони го носеше дресот на МЗТ Скопје и освои три шампионски титули. Потоа следеше трансфер во Куманово, а играше и за екипите на Охрид, Пелистер и повторно за МЗТ Скопје.

Во 2023 година одлучи да гради интернационална кариера и потпиша за Темишвар, но во текот на сезоната се пресели во Задар.

Во 2024 година се врати во македонскиот шампионат играјќи за ТФТ, а потоа играше и за косовскиот тим Бора и повторно за Задар.

Се вчитува...