Млад Хрват го импресионираше Тухел со деби гол за само четири минути: Ја искористи својата шанса

Младиот хрватски фудбалер Ловро Звонарек во првиот старт за Баерн Минхен ја затресе мрежата и тоа по само четири минути поминати на теренот. Во победата над Волфсбург од 2-0 токму 19-годишникот го отвори патот за три бода на својот тим со прецизен удар од работ на шестнасетникот кој противничкиот голман не можеше да го одбрани.

За Звонарек по натпреварот говореше и тренерот на баварците, Томас Тухел кој упати пофални зборови.

„Ловро е прав карактер, напорно работи и го заслужи ова. Имавме многу повредени играчи, а тој ја искористи својата шанса. Забавно е да го гледате на тренинг, а сега беше одличен“, изјави Тухел.

Се вчитува...