Младата кошаркарка на Партизан се самоубила зошто била злоставувана

Поранешната спортистка, сестра на српските кошаркарски репрезентативки Милица и Ана, Јелица Дабовиќ подели информација околу самоубиството на 16-годишната кошаркарка на Партизан, Милица Мркела.

Мркела пред неколку денови била пронајдена дома обесена, шокирајќи го комплетната спортска јавност во Србија. Дабовиќ тврди дека девојчето било жртва на злоставување, кое не можело да го издржи повеќе.

„За жал, пред околу еден месец, оваа девојка ми пиша на Инстаграм дека се соочува со ужасно насилство и дека не гледа излез од таа ситуација, освен самоубиството. И реков дека секој проблем има решение но треба само да ми каже за што точно станува збор. Сепак, таа не ме послуша, туку и престана да пишува, а потоа го исклучи профилот, очигледно избирајќи свое „решение“. Иако не беше таа на тој Инстаграм профил, по деталите кои ми ги опиша во пораките, кристално е јасно дека тоа е таа. Тоа е трета личност која се самоуби поради злоставувањето, а која претходно ме информираше за тоа. Навистина страшно“ – напиша Дабовиќ, притоа испраќајќи и порака за сите девојки.

„Девојки, запомнете нема ништо поглупаво од молчењето со кое го штитите вашиот злоставувач, освен мислата дека ќе го решите проблемот со самоубиство! Верувам дека покрај злосторникот кој ја однесе оваа девојка во смрт, има барем уште еден сведок кој знае зошто се случило ова и кога ќе го изеде „ракот на совеста“ ако продолжи да молчи за тоа“.

Се вчитува...