Младата македонска репрезентација на гостински „тест“ против Полска на 1. јуни

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 1. јуни ќе одигра пријателски натпревар против Полска на гостински терен. Мечот ќе се одигра на стадионот „Нарутовица“ во Радом.

Младата селекција на Македонија ќе биде првата репрезентација која ќе гостува на овој стадион, кој е целосно нов и пуштен неодамна во употреба. На овој стадион се одигра финалето на Купот лани, а сега ова ќе биде прв натпревар на национални селекции после долго време.

Момците на Цапар овој меч ќе го искористат за воигрување, пред септемврискиот квалификациски циклус. Како што е познато, Македонија со поразот од Шведска на домашен терен драстично ги намали шансите за пласман на ЕП, и ги сведе на теорија.

Се вчитува...