Младата селекција без Милевски во Азербејџан – Илиевски и Златановски ќе ја водат У-21 репрезентацијата!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 години ќе биде без досегашниот селектор Благоја Милевски на двата пријателски натпревари против Азербејџан кои ги играме на 24. и 27. мај во Баку.

Како што е познато, Милевски од јуни го презема кормилото на израелскиот прволигаш Ашдод завршувајќи ја својата активност на клупата на младата селекција, па ФФМ одлучи Македонија во Азербејџан да ја предводат селекторите од кадетски селекции, Добринко Илиевски – Пижон и Звонко Златановски. Во стручниот штаб ќе има и нов тренер на голманите.

По денешниот претпладневен прв собир и тренинг на тренинг центарот на ФФМ, репрезентацијата преку Софија патува за Баку во комплетен состав, согласно списокот кој претходно го соопшти Благоја Милевски. Единствено голманот на португалскиот Пакош Фереира, Томас Божиновски како и членот на Локомотива Загреб, Агрон Руфати дополнително, директно во Баку, ќе се приклучат на репрезентативниот состав.

Се вчитува...