Младата селекција со Чурлинов, Митровски, Фазлагиќ, Атанасов… Се крои состав за следните квалификации

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски, за кого ова ќе биде официјално „крштевање“ на селекторската функција, повика 22 фудбалери за натпреварите против Србија и Ерменија.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 7. септември и 11. септември продолжува со квалификациските настапи од циклусот за пласман на Европското првенство во Италија 2019 година. Првиот натпревар идниот месец го играме на гостински терен против Србија, додека четири денови подоцна ја пречекуваме селекцијата на Ерменија.

Факт е дека Илиевски креира еден нов состав на младата селекција на кој ќе сметаме за следниот квалификациски циклус, и тоа со оние момчиња кои досега беа дел од селекцијата до 19 години на Вујадин Станојковиќ, Дарко Чурлинов, Димитар Митровски, Енис Фазлагиќ, Јани Атанасов, Сабахудин Аломеровиќ… На списокот на Илиевски се дури 14 интернационалци од вкупно 22 повикани фудбалери. Го нема Елиф Елмас од Фенербахче, сосема очекувано, кој ќе биде на списокот на Игор Ангеловски за настапите на сениорската селекција во Лигата на нации против Гибралтар и Ерменија.

Македонија во Група 7 во квалификациите за ЕП 2019. Досега има победа против Ерменија од претходните шест одиграни натпревари. Србија е лидер со максимални шест победи, Русија по седум натпревари има 16 бодови, Австрија 14, Ерменија 7, а последен е Гибралтар со 3 освоени бодови.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ ДУЕЛИ ПРОТИВ СРБИЈА И ЕРМЕНИЈА:

Се вчитува...