Младен Крстајиќ останува селектор на Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Младен Крстајиќ, ќе го продолжи договор со ФСС до крајот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Во Фудбалскиот сојуз на Србија се задоволни од работата на Крстајиќ, иако нашиот северен сосед го заврши настапот на Мундијалот веќе по првата фаза.

Потпретседателот на ФСС, Ненад Бјековиќ, нема дилема дека Крстајиќ треба да остане селектор.

„Откако ги комплетиравме впечатоците од Светското првенство, јасно е дека треба да продолжиме по истиот пат, и дек Младен Крстајиќ треба да остане селектор и во наредните две години. Мислам дека го положи испитот, ги оправда очекувањата и дека само малку среќа и една судиска одлука не делеше од подобар резултат на Светското првенство“, изјави Ненад Бјековиќ за српските медиуми.

Се вчитува...