Младеновски: Атмосферата беше одлична, а Македонија подобра во второто полувреме

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Младиот фудбалер на Вардар, Марио Младеновски, дебитираше за репрезентацијата на Македонија како стартер на вечерашниот меч против Австрија. Задоволен е од настапот и среќен за дебито, иако поразот сепак остава горчина. Но, тој е восхитен од атмосферата на „Ернст Хапел“ и вели дека нашиот национален тим одигра многу подобро во второто полувреме.

„Среќен сум за дебито иако доживеавме пораз во Виена. Атмосферата на стадионот беше фантастична, играв во првото полувреме и заработив мала повреда. Арнаутовиќ е големо име во европскиот фудбал, јас сум млад фудбалер и мислам дека солидно ја завршив задачата“, изјави Младеновски.

Се вчитува...