Младеновски со скршеница, го пропушта Косово

Вториот ден од подготовките на кошаркарската репрезентација го донесоа првиот поголем проблем, откако центарот Љубомир Младеновски отпадна од комбинација за дуелот со Косово.

Високиот кошаркар се повреди при настапот за својот клуб МЗТ Скопје, а денешните подетални прегледи покажале дека станува збор за мала скршеница на коска на раката. Првичните прогнози се дека паузата ќе изнесува околу еден месец, по што јасно е дека Младеновски нема да му биде на располагање на селекторот Јорданчо Давитков за неделниот меч во Гевгелија.

Се вчитува...