Младинскиот репрезентативец Трајановски е нов фудбалер на Академија Пандев

Младинскиот репрезентативец Филип Трајановски е нов фудбалер на Академија Пандев. Струмичкиот прволигаш денеска официјализираше едногодишен потпис за соработка со Трајановски чиј последен клуб е шведски Гаис.

19-годишниот Трајановски, кој игра на централната дефанзивна позиција, фудбалски потекнува од школата на шведски Хакен, а има настапувано и за Одеволд и Гаис.

Академија Пандев претходно во овој преоден рок се засили и со офанзивците Стојанче Велинов и Кристијан Стојкоски од Шкупи.

Се вчитува...