Младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Зетов е нов кошаркар на прволигашот Феникс.
17-годишникот кој важи за еден од најталентираните играчи од својата генерација „виолетово-жолтиот“ дрес ќе го облече со веќе стекнато прволигашко искуство од настапите за Струмица во претходната сезона каде забележа просек од 4.7 поени и 1.1 аситенција за просек од 15 минути поминати на теренот.
Договорот со македонскиот прволигаш го продолжи и Филип Димитриевски кој беше дел до младинскиот тим на еден од најмладите македонски кошаркарски проекти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА