Младинските категории ја почнаа трката за шампионскиот трофеј

Викендов се одиграа натпреварите од првото коло во трите шампионати во младинските категории.

Во Младинската Супер лига, Вардар триумфираше над Тетекс со 6:0. Двоен стрелец за “црвено-црните” беше Јован Ефтимовски, а по еднаш прецизни беа Томе Лидов, Николче Баталоски, Лука Кнежевиќ и Невзат Асани.

Работнички ја совлада Брегалница со 3:2. Серијата голови ја отвори Давид Георгиевски, Горјан Гапиќ му донесе на домаќинот водство од 2:0, а во 57. минута, Назиф Мемишев намали на 2:1/ Георгиевски беше стрелец и на третиот гол за Работнички, а конечниот резултат го постави Мартин Качаков во 85. минута.

Македонија ЃП со истиот резултат славеше над Охрид Лихнидос.Охриѓани поведоа преку Давио Лиотовски во 38 минута. Три минути подоцна Трајче Талевски од пенал израмни н а 1:1, а во продолжението и го постигна вториот гол за Македонија ЃП. Во 85. Илија Јанкуловски израмни на 2:2, а победата на домаќинот му ја донесе Марин Михајловски.

АП Брера во првото коло забележа победа од 3:1 во натпреварот против Шкупи додека Пелистер триумфираше над Шкендија со 4:1.

Кај кадетите Струга Трим Лум како гостин триумфираше над Работнички со 4:2, Вардар го совлада Тетекс со 2:0, а со истиот резултат Пелистр беше поуспешен од Охрид Лихнидос.

Скопје на гостувањето во Штип славеше над Брегалница со 3:1, а Македонија ЃП забележа победа од 5:0 во соочувањето со Арсими.

Мрежите мируваа единствено на натпреварот меѓу АП Брера и Шкупи.

Во пионерската лига најубедливата победа ја забележа Вардар кој славеше над Тетекс со 7:1. Работнички и Струга ТЛ играа без победник 1:1 додека Пелистер триумфираше над Охрид со 5:1.

Македонија ЃП во мечот против Арсими до трите бода дојде по победа од 1:0 додека Скопје ја совлада Брегалница со 3:2. Шкупи на гостувањето во Струмица беше поуспешен од АП Брера совладувајќи ја со 2:1

Се вчитува...