Младинците доминираат: Радески прв ја „начна“ Бугарија (видео)

Младинската репрезентација на Македонија продолжува со добри игри во подготовките за ЕП во Полска, откако избраниците на Боби Милевски доминацијата на дуелот со Бугарија ја претворија во водство од 1-0.

Во самиот финиш од полувремето отпорот на гостите конечно беше скршен по една одлична акција откако Ѓорѓев ја префрли топката зад одбранбената линија на Бугарите, каде Радески одлично се снајде и ја затресе мрежата на противникот. Покрај резултатот, ветувачка е и играта, со оглед на фактот дека на гостите не им беше дозволена ниту една шанса, додека на спротивната страна пред голот Радески, Аврамовски и Бабунски пропуштија убави можности да се запишат меѓу стрелците.

Се вчитува...