Младинците на Шкендија елиминирани од Нитра во ЛШ

Младинскиот тим на Шкендија е елиминиран од словачкиот претставник Нитра во Лигата на шампионите. По минималниот пораз (0-1) на гостувањето, младинскиот состав на Шкендија ремизираше 1-1 на денешниот меч што се одигра комплексот на ФФМ во Скопје.

skendija-nitra-mladii (5)

Нитра поведе уште во седмата минута со голот на Мариан Чобот, по што беше јасно дека Шкендија ќе мора да постигне најмалку три гола за да обезбеди пласман во следната рунда. Албан Расими израмни во 25.минута, но тоа беше се од Шкендија на овој меч, кога се во прашање погодоците.

skendija-nitra-mladii (1)

Домашниот тим се обидуваше преку Зејнулаи, Шерифи, Рамадани, но безуспешно, а Нитра ја имаше најубавата шанса и во вториот дел, откако Марек Фабри во 74.минута ја погоди стативата.

Се вчитува...